DX4 Body Balancing System

DX4 Body Balancing System

10.364 ден.9.846 ден.
Прегледан: 116 пати.
Шифра: 659
Достапност: На залиха
Количина:

Започнете го ударно вашето патување до повеќе виталност со DX4™ од Форевер – четиридневeн систем коj ви помага да го рестартирате телото и умот.

Опис

Започнете го ударно вашето патување до повеќе виталност со DX4™ од Форевер – четиридневeн систем коj ви помага да го рестартирате телото и умот со моќна комбинација од краткотрајно гладување, насоки за исхрана и шест иновативни производи достапни само во програмата, плус нашиот класичен Aloe Vera Gel за потребната нутритивна поддршка и постигнување на зацртаните цели.

Првите два дена се фокусираат на ограничување на внесот на калории, а третиот и четвртиот – на вклучување на повеќе здрава, зелена и цврста храна. Во текот на четирите дена од програмата, ќе набљудувате како се чувствува вашето тело во целина, како реагира на производите и какви промени забележувате во зајакнување на врската меѓу умот и телото. Пиењето доволно вода е важен елемент на програмата, а целта е да се создаде навика да се пие повеќе вода и откако ќе заврши програмата.

Секој ден си има тема: одлучи, одреди, откриј и посвети. Во текот на четирите дена ќе ве водиме до посилна врска меѓу умот и телото за подобро целокупно здравје.
Употреба

Наутро: 3 табл. Forever Therm Plus сo 240 мл вода.

Пред ручек: 2 табл. Forever DuoPure сo 240 мл вода.

Во секое време на денот: земајте по 1-2 Forever Sensatiable таблети за џвакање, до 8 таблети кога сте гладни, со многу вода.

Рано попладне: растворете една мерна лажица Forever Plant Protein во 240 мл незасладено растително млеко или вода.

Доцна попладне: растворете една шумлива таблета Forever MultiFizz во 240 мл вода.

Навечер: растворете една мерна лажица Forever Plant Protein во 240 мл незасладено растително млеко или вода.

Пред спиење: растворете една ќесичка Forever LemonBlast во чаша млака или ладна вода.
Список на состојки

Forever Therm Plus™ – 12 таблети

Моќен додаток на исхраната со зелен чај, гуарана, зелено кафе, екстракт од шафран и витамини B12 и C, кои придонесуваат за нормален метаболизам и производство на енергија, како и за намалување на чувството на замор, за поддршка на метаболизмот и енергетските нивоа.

Forever DuoPure™ – 8 таблети

Forever DuoPure™ комбинира екстракт од калинка и јапонска фалопија со холин, фолна киселина и витамини B6 и B12. Холинот придонесува за одржување на нормалната функција на црниот дроб, а B витамините и фолната киселина поддржуваат многу функции во телото, меѓу кои е придонесот на витаминот B6 за нормалниот тек на метаболизмот на протеините и гликогенот.

Forever Multi Fizz™ – 4 шумливи таблети

Со освежителен вкус на лубеница, Forever Multi Fizz™ е растворлива таблета која ја подобрува хидратацијата, додавајќи ѝ лесен газиран вкус на водата. Збогатен е со витамините C, B и E.

Forever LemonBlast™ – 4 ќесички

Практично пакување со растителни екстракти кое се раствора во вода во киселкаст и благо пикантен напиток со вкус на лимон, ѓумбир и лут црвен пипер со куркума во прав. Може да се пие топол или ладен. Нуди уникатна мешавина од растворливи влакна со магнезиум за поддршка на електролитниот баланс и нормалната ментална функција.

Forever Sensatiable™ – 32 таблети за џвакање

Forever Sensatiable™ содржи глукоманан. Нуди слатко бегство од секојдневните искушенија. Со висока содржина на растителни влакна со исклучителна способност да апсорбираат вода.

Forever Plant Protein™ – 1 пакување

Растителниот протеин на Форевер обезбедува по 17 гр. протеини во една порција. Формулата е веганска и не содржи ниту млечни производи, ниту соја. Со пријатен вкус на ванила и глатка конзистентност за разлика од многу други растителни протеини. Протеините од грашок и тиква придонесуваат за нормална состојба на коските, како и за раст и одржување на мускулната маса.

Forever Aloe Vera Gel® – 4 пакувања по 330 мл

Гелот од алое вера содржи 99,7% чист гел од внатрешноста на листовите на растението и витамин С кој придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Jас сум Љупка Устијаноска, сопруга, мајка, вработена и сопственик на Forever Living бизнис.

Се претплатив како дистрибутер во 2023 година, создавајќи го мојот успешен Forever Business во моето слободното време. Читај повеќе..

Контакт

  • +389 78 551 518
  • store@aloemarket.mk
aloemarket.mk © 2025. UKION SHOPS