Forever Fiber е патентирана комбинација од четири вида баластни материи и е практичен начин да додадете влакна на секојдневниот режим.
30 ќесички
Опис
• 5 грама растворливи влакна во ќесичка.
• Удобен начин за оптимално внесување на влакна.
• Лесно се раствораат во вода, гел од алое вера и други пијалаци.
• Брзо растворливи, без глутен, со ненаметлив вкус, без ронки.
Forever Fiber обезбедува 5 грама брзо растворливи влакна во удобни индивидуални дози за поддршка на здравата исхрана. Експертите препорачуваат да внесуваме до 30 г растворливи влакна дневно за оптимално здравје и дигестивна функција, но за жал повеќето од нас внесуваат едвај половина од тоа количество. Денешниот начин на исхрана не ја обезбедува адекватната количина на растворливи влакна.
Forever Fiber е патентирана комбинација од четири вида баластни материи и е практичен начин да додадете влакна на секојдневниот режим. Можете да го наросите врз храната, да го растворите во гел од алое вера или друг пијалок или да го сипете во шишето со вода, кога сте во движење. Иако често ги поврзуваме растителните влакна само со поддршката на дигестивниот систем, тие имаат благотворен ефект за целиот организам. Ако земете Forever Fiber помеѓу оброците, може да ви помогне да се чувствувате сити и така да го контролирате апетитот и консумираните калории. Ова е многу важно за луѓето кои се на програма за контрола на тежината, кои комбинираат Forever Fiber со здрава исхрана и редовно вежбање. Влакната можат да придонесат и за задржување на шеќерот во крвта во нормални граници и да ја забават апсорпцијата на макронутриентите од храната. Затоа растителните влакна помагаат за намалување на чувството на тромост и ниска енергија по оброците.
Научниците денес признаваат дека 70 до 80% од нашиот имунитет е поврзан со дигестивниот систем. Бидејќи растителните влакна несомнено го помагаат дигестивниот систем, тие би можеле да се покажат како корисни и за природната заштита на организмот од напаѓачите. Според истражувањата, растителните влакна ја поддржуваат и кардиоваскуларната функција. Консумацијата на доволни количини растителни влакна го олеснува исфрлањето на отпадни материи од организмот и помага да се олесни повремениот запек.
Forever Fiber го олеснува додавањето на влакна во храната, бидејќи обезбедува 5 грама растворливи влакна во секое пакетче. Тоа е еквивалентно на 1 ½ чаша кафеав ориз или две парчиња интегрален леб, но без јаглехидратите и калориите! Со Forever Fiber лесно ќе ја зголемите вашата дневна доза од растителни влакна и ќе го оптимизирате вашето здравје.
Употреба
Консумирајте по една ќесичка на ден. За оптимални резултати, истурете ја содржината во чаша и додадете вода, гел од алое вера или друга течност и темелно измешајте. Можете да го наросите производот и врз храна. Се препорачува Forever Fiber да се зема најмалку 30 минути пред или по друг додаток на исхраната, бидејќи влакната се врзуваат со некои хранливи материи и влијаат на нивната апсорпција.
Список на состојки
Патентирана Форевер комбинација од влакна (гума акациа, растворливи пченкарни влакна, растворлив пченкарен декстрин, фруктоолигосахариди).
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Jас сум Љупка Устијаноска, сопруга, мајка, вработена и сопственик на Forever Living бизнис.
Се претплатив како дистрибутер во 2023 година, создавајќи го мојот успешен Forever Business во моето слободното време. Читај повеќе..