Forever iVision™

Forever iVision™

2.306 ден.2.191 ден.
Прегледан: 110 пати.
Шифра: 624
Достапност: На залиха
Количина:

Ви го претставуваме iVision – револуционерен додаток на исхраната, создаден за лесна и прикладна нега и заштита на нашите очи. Формулата изобилува со витамини, антиоксиданти, билки и научно напредни состојки за потполна и современа поддршка на видот.

60 гел капсули

Опис

• Целосна поддршка за видот во дигиталната ера.

• Придонесува за заштита на очите од сината светлина на дигиталните уреди.

• Ја забрзува обработката на визуелните информации.

• Ги обезбедува сите три каротеноиди, потребни за здравјето на очите.

 

Во денешната дигитална ера нашите очи се оптоваруваат повеќе од кога било. Очекуваме очите да се справат со ултравиолетовите зраци и загадувањето, исто така секој ден ги изложуваме на часови вештачка сина светлина од екраните на мобилните уреди, компјутери и телевизори. Да се грижиме за очите е поважно од кога било, за да ги заштитиме од преоптоварување и долготрајни оштетувања. Иако правилната исхрана е првата заштитна линија, повеќето режими не успеваат да ги покријат препорачаните нивоа хранливи материи и антиоксиданти кои се важни за здравјето на очите.

Ви го претставуваме Forever iVision™ – револуционерен додаток во исхраната, создаден за лесна и прикладна нега и заштита на нашите очи. Формулата изобилува со витамини, антиоксиданти, билки и научно напредни состојки за потполна и современа поддршка на видот. Forever iVision™ содржи екстракт од боровинки, витамини С и Е кои придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес и бета-каротин од витамин А – нутриент кој се содржи во морковите и друга храна и придонесува за одржување на нормален вид. Форевер ја зајакна моќта на бета-каротинот со тоа што додаде цинк кој го има истото дејство, а придонесува и за нормалниот метаболизам на витаминот A, што може да му помогне да стане по-биодостапен. Ако има една состојка која навистина го претвора iVision™ во иднината на додатоците за очи, тогаш таа состојка е клинички проучениот Лутемакс 2020 (Lutemax® 2020). Нејзината моќ ја издигнува поддршката на видот на сосема ново ниво, бидејќи помага за елиминирање на сината светлина од дигиталните уреди и други извори на вештачка светлина како LED и светилките кои штедат енергија. Лутемакс 2020 обезбедува и прогресивна заштита на ретината и очното јаболко, особено на жолтата дамка (макулата), што овозможува најјасна директна визија и го контролира начинот на кој нашите очи ги перципираат боите.

Одржувањето на здрава макула бара специфични хранливи материи наречени каротеноиди, но повеќето од додатоците за очи содржат само еден од трите – лутеин. Во денешната дигитална ера имаме потреба од нешто повеќе за да ги одржуваме очите во оптимална состојба. Затоа Forever iVision™ со Лутемакс 2020 ги содржи и трите важни каротеноиди: лутеин, RR зеаксантин и мезо-зеаксантин.

Во денешно време и при современите предизвици, додатоците на исхрана за очи не се само за возрасни кои сакаат да се заштитат од макуларна дегенерација поврзана со возраста. Адолесценти и зрели луѓе на секаква возраст можат да имаат корист од Forever iVision™ за да се забрза обработката на визуелните информации, за поддршка на здравјето на макуларниот пигмент, за да се подобри закрепнувањето на очите по заслепување од силна светлина и за заштита од сината светлина. Со своите научно прогресивни состојки, Forever iVision™ со Лутемакс 2020 е идеалниот додаток на исхрана за дигиталната ера.

Употреба
По две гел капсули дневно.

Список на состојки
Сончогледово масло, рибен желатин, средство за задржување на влага (глицерол), Lutemax® 2020* – екстракт од невен (Tagetes erecta) (лутеин и зеаксантин), витамин C (аскорбинска киселина), витамин E [d-алфа-токоферол, соино масло], стабилизатор (пчелен восок), вода, екстракт од црна боровинка (Vaccinium myrtillus), масло од семе на морков (Daucus carota subsp. sativus) [масло од семе на морков, масло од репка, сончогледово масло], цинк (цинк оксид), сок од црн морков (Daucus carota subsp. sativus), витамин A (бета каротин). Совет за алергии: алергените се означени со болдиран фонт.

* Lutemax® 2020 е заштитена марка на OmniActive Health Technologies Ltd.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Jас сум Љупка Устијаноска, сопруга, мајка, вработена и сопственик на Forever Living бизнис.

Се претплатив како дистрибутер во 2023 година, создавајќи го мојот успешен Forever Business во моето слободното време. Читај повеќе..

Контакт

  • +389 78 551 518
  • store@aloemarket.mk
aloemarket.mk © 2025. UKION SHOPS