Gentleman's Pride® After Shave

Gentleman's Pride® After Shave

1.110 ден.1.055 ден.
Прегледан: 115 пати.
Шифра: 070
Достапност: На залиха
Количина:

Мажите ќе го засакаат овој прекрасен балсам за после бричење со кој лицето станува свежо, чисто и мазно, а жените исто така го обожуваат неговиот мирис.

118 мл.

Опис

• Балсам за после бричење

• Навлажнувач и омекнувач на кожата во секое време.

• Смирува и навлажнува.

• Пријатен свеж мирис.

При допир со кожата хируршки остриот жилет за бричење често пати навлегува повеќе отколку што е потребно и предизвикува гребнатинки, исеченици, ја суши и иритира кожата. Дури и сечилото да не ве повреди, сигурно нема да се извлечете од пената за бричење! Повеќето такви производи содржат состојки за чистење кои ги сушат липидите во надворешниот слој на кожата. Липидите го одржуваат здравиот изглед на кожата така што ги поврзуваат клетките и ја задржуваат влагата во нив. Исцрпувањето на липидите како резултат на употребата на креми на база на сапун, проследено со нанесување на лосион што содржи алкохол ја затегнува и суши кожата. Форевер посвети многу години на развивање на перфектен балсам за после бричење, во кој се избегнуваат алкохолните состојки кои ги сушат и иритираат малите рани. Сега тој е кај вас во форма на нежен, кадифен балсам кој ја смирува и регенерира кожата после бричење или после изложување на сурови надворешни услови. Бевме сигурни дека нашиот стабилизиран гел од алое вера ќе биде вистинското решение особено во комбинација со силни хидратантни агенси. Формулата без алкохол вклучува и специјални омекнувачки состојки како што се рузмарин и краставица кои дополнително ја смируваат кожата. Иако го нарековме балсам за после бричење, Gentleman’s Pride може да се користи во секое време за ублажување на кожни надразнувања, предизвикани од жилетот за бричење или од подолго изложување на сонце или ветер.

Употреба
Нанесете рамномерно после бричење или изложување на надворешни фактори.

Список на состојки
Стабилизиран алое вера гел, вода, метил глуцет-20, етилхексил палмитат, диметикон, глицерил стеарат, полиакриламид, С13-14 изопарафин, лаурет-7, полиетиленгликол-100 стеарат, токоферол ацетат, натриум хиалуронат, 1,2 – хексанедиол, аскорбинска киселина, алантоин, екстракт од рузмарин, екстракт од краставица, феноксиетанол, каприлил гликол, сорбинска киселина, метилизотиазолин, мирис.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Jас сум Љупка Устијаноска, сопруга, мајка, вработена и сопственик на Forever Living бизнис.

Се претплатив како дистрибутер во 2023 година, создавајќи го мојот успешен Forever Business во моето слободното време. Читај повеќе..

Контакт

  • +389 78 551 518
  • store@aloemarket.mk
aloemarket.mk © 2025. UKION SHOPS