Aloe First®

Aloe First®

1.462 ден.1.389 ден.
Прегледан: 152 пати.
Шифра: 040
Достапност: На залиха
Количина:

Aloe First е прекрасен додаток за секоја аптека за прва помош. Оваа исклучителна формула ја заштитува кожата од инфекции и воспаленија.

473 мл.

Опис

• Треба да биде присутен во секој дом.

• Смирува при изгореници, црвенило, убоди од инсекти и плускавци.

• Ја штити косата од сончевите зраци и од штетното влијание на хлорот.

• Ја заштитува косата пред правење на трајна фризура.

Aloe First е прекрасен додаток за секоја аптека за прва помош. Оваа исклучителна формула ја заштитува кожата од инфекции и воспаленија. Создаден со висок процент стабилизиран гел од алое вера, Aloe First содржи и други одбрани состојки, поради што е незаменлив производ за различни кожни проблеми.

• Пчелниот прополис ги зголемува природните антибиотски својства на алое вера.

• Алантоинот ја заштитува кожата и се среќава во мноштвото растенија, вклучително во надворешната кора на листовите на алоето.

• Единаесет внимателно одбрани билки, познати по своите благотворни својства, се додадени за уште поголем ефект.

Сите овие состојки се комбинирани во еден природен смирувачки спреј, погоден за употреба кај кожни иритации - црвенило, плускавци, рани од исекувања и модринки. Лесен е за употреба дури и кога допирот со кожата е многу болен, Aloe First помага при помали исеченици и изгореници од сонце. Aloe First е со балансиран pH и има смирувачко дејство дури и кај најчувствителната кожа. Смирува и кај тропски лишаи.

Aloe First може да се прска и врз косата, за да ја заштити од штетните ултравиолетови зраци на сонцето. Се користи во фризерски салони пред да се прави трајна фризура, за да се спречи сушењето на косата како резултат на употребените препарати. Во козметичките салони Aloe First дејствува особено смирувачки после депилација.

Aloe First е исклучителен производ кој по своето дејство е ненадминат во својата категорија.

Употреба
Нанесете обилно врз кожата за да ја смирите и навлажните.

Список на состојки
Стабилизиран гел од алое вера, вода, алантоин, глицерин, токоферол (природен витамин Е), пчелен прополис, екстракт од цветови на невен (Calendula Officinalis), екстракт од ајдучка трева (Achillea Millefolium), екстракт од цветови и листови на мајчина душица (Thymus Vulgaris), екстракт од цветови на камилица (Anthemis Nobilis), екстракт од корен на глуварче (Taraxacum Officinale), екстракт од листови на еукалиптус (Eucalyptus Globulus), екстракт од цветови на пасифлора (Passiflora Edulis), екстракт од листови на жалфија (Salvia Officinalis), екстракт од корен на ѓумбир (Zingiber Officinale), екстракт од боражина (Borago Officinalis), екстракт од сандалово дрво (Santalum Album), полисорбат 20, натриум цитрат, диазолидинил карбамид, метилпарабен.

- -

Бремени жени, доилки и деца под 18 години задолжително да се консултираат со лекар или специјалист пред да ги употребуваат понудените производи. Ако земате лекови или страдате од некоја болест задолжително консултирајте се со лекар или специјалист пред употребата на достапните производи. Предложените додатоци во исхраната не се замена за балансирана исхрана. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза и ставајте ги на место недостапно за мали деца. Не користете доколку заштитната фолија под капачето е оштетена или недостасува.

ЧУВАЈТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ ПОДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.

Датум на важност: обележан на амбалажата

Не користете доколку заштитната фолија под капачето е оштетена или недостасува.

За повеќе информации слободно контактирајте не.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Jас сум Љупка Устијаноска, сопруга, мајка, вработена и сопственик на Forever Living бизнис.

Се претплатив како дистрибутер во 2023 година, создавајќи го мојот успешен Forever Business во моето слободното време. Читај повеќе..

Контакт

  • +389 78 551 518
  • store@aloemarket.mk
aloemarket.mk © 2025. UKION SHOPS