FOREVER BEE POLLEN®, таблети со цветен прав/полен, додаток во исхраната - код 026
Нето количина: 100 таблети
ЗА ИМУНИТЕТ, УРИНАРЕН ТРАКТ, АПЕТИТ, МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ И МЕНОПАУЗА
Содржи цветен прав/полен кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на нормални функции на уринарниот тракт, зголемен апетит, ментални перформанси и менопауза.
ОПИС И СВОЈСТВА
Поленот е оплодувачкиот прав на цветот. Пчелите го собираат и пренесуваат во кошниците за храна. Без поленот растенијата, дрвјата и цветовите не би постоеле. Дури и нашиот живот зависи од него.
Forever Bee Pollen се собира од цветови кои растат скриени во високи пустински области и се става во патентирани колектори од не`рѓосувачки челик. Тоа е гаранција дека добивате најсвежа и мошне моќна природна храна. Forever Bee Pollen е целосно природен и не содржи конзерванси, вештачки ароми или вештачки бои.
Пчелниот полен обезбедува широк спектар од основни хранливи материи: сите витамини од Б комплексот и витаминот C. Тие се растворливи во вода и затоа е потребно да се внесуваат секојдневно. Пчелниот полен исто така ги содржи витамините D, Е, К и бета каротин (витамин А). Тој е богат извор на мноштво минерали (како калциум и фосфор кои се речиси во перфектен сооднос 1:1), ензими и коензими, масни киселини од растително потекло, јаглехидрати, протеини и 22 аминокиселини, вклучувајќи ги сите 8 есенцијални аминокиселини кои организмот не може сам да ги произведува. Пчелниот полен содржи повеќе хранливи материи на калорија отколку кој и да е друг додаток во исхраната, затоа не е чудно што се смета за една од најбогатите храни воопшто. Всушност човечкиот организам би можел да живее само од пчелен полен со додавање единствено на растителни влакна и вода.
Хранливите материи во пчелниот полен се лесно сварливи и лесно се апсорбираат од организмот. Многу луѓе ги користат неговите благодети, погоден е за спортисти кои го консумираат за сила, енергија и одржување на здравјето.
Пчелниот полен има мноштво други благотворни дејства:
Пчелниот полен содржи и лецитин кој се наоѓа во сите клетки во неговата природна форма. Така помага при варењето и метаболизмот на мастите. Го зајакнува имунолошкиот и нервниот систем.
СОСТАВ
Пчелен полен 500 мг, мед, стеаринска киселина, силицум диоксид и матичен млеч.
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Земете мало количество (1/4 таблета) за да се уверите дека не сте алергични, а потоа постепено зголемувајте ја дневната доза на 3 (три) пати по 1 (една) таблета дневно. Консултирајте сѐ со лекар пред да започнете со користењето на овој или друг додаток во исхраната.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- -
Бремени жени, доилки и деца под 18 години задолжително да се консултираат со лекар или специјалист пред да ги употребуваат понудените производи. Ако земате лекови или страдате од некоја болест задолжително консултирајте се со лекар или специјалист пред употребата на достапните производи. Предложените додатоци во исхраната не се замена за балансирана исхрана. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза и ставајте ги на место недостапно за мали деца. Не користете доколку заштитната фолија под капачето е оштетена или недостасува.
ЧУВАЈТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ ПОДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.
Датум на важност: обележан на амбалажата
Услови на чување: Чувајте го шишето добро затворено, на суво и темно место на температура до 25 °C.
Не користете доколку заштитната фолија под капачето е оштетена или недостасува.
За повеќе информации слободно контактирајте не.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Jас сум Љупка Устијаноска, сопруга, мајка, вработена и сопственик на Forever Living бизнис.
Се претплатив како дистрибутер во 2023 година, создавајќи го мојот успешен Forever Business во моето слободното време. Читај повеќе..